Познатите актери Бред Пит и Мерион Котилард во Лондон го снимаат филмот „Five Seconds of Silence“, а на интернет се објавени фотографии во кои ги гледаме со преслатко бебенце на сетот.
Станува збор за романтичен трилер во режија на Роберт Земецкис. Дејството се случува во Втората светска војна и го следи животот на француско-канадски шпион (Бред Пит) кој се вљубува во француска агентка (Мерион Котилард) за време на опасна мисија во Казабланка.
Тој ќе биде известен дека неговата сопруга е нацистички шпион и започнува лична истрага за неа.
Премиерата е закажана за 23 ноември.