Оние кои ги читале книгите пред да ги погледнат нивните филмски екранизации, имаат претстава како изгледаат ликовите во овие дела, па имаат одредени очекувања од изборот на актерите што ќе ги портретираат на филм, кои често се погодени но многу често и тотално промашени.
Кога станува збор за физичкиот изглед, како тоа да е најважно за точно портретирање на ликот, покрај добрата глума, секако. Со цел да се направи споредба помеѓу ликовите во книгите како што се опишани од авторот и актерите што ги портретираат, направен е овој интересен проект. Имено, уметникот Брајан Џозеф Дејвис употреби софтвер, кој го користи полицијата за добивање на цртежи од личност според опис. Резултатите за конкретните ликови од книги ги спореди со актерот што го толкува тој лик во филмот. Погледнете кои се погодени, а кои актери тотално промашени.